Израел повторно ја нападна околината на Дамаск
Сириските власти денеска соопштија дека Израел изврши воздушни напади во близина на сирискиот главен град Дамаск, при што беа ранети двајца сириски војници.
Државната агенција САНА утринава објави дека сириската противвоздушна одбрана пресретнала израелски проектили од Голанската висорамнина и „соборила повеќето од нив“.
Агенцијата, повикувајќи се на воени извори, наведува дека во ракетниот напад се ранети двајца сириски војници и дека има „значителни материјални загуби“.
Сирискиот Центар за мониторинг на човекови права (SOHR), со седиште во Лондон, тврди дека само годинава ова е 20-тиот израелски напад врз цели во Сирија.
Според Центарот, цел биле воените позиции во близина на аеродромот во градот Димас, како и автопатот Бејрут-Дамаск, западно од главниот град, каде се стационирани елитните припадници на сириската армија.
Центарот, што има широка мрежа на извори во земјата разурната од војна, тврди дека проектилите ги погодиле магацините на либанската група Хезболах, сојузник на сириската влада, предизвикувајќи пожар.
Израел во последните години изведе стотици воздушни напади врз делови на Сирија, што се под контрола на владата, но ретко ја признава одговорноста за нив.
Ново на Сител
-
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Путин: Курск е целосно ослободен
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти
-
На ГП „Блато" приведен 20-годишен албански државјанин баран од Интерпол Норвешка
-
Косовец на ГП Долно Блаце пробал да подмити полицаец со банкнота од 10 евра
-
Потврди за неосудуваност достапни на порталот uslugi.gov.mk, најавени нови е-услуги за граѓаните
-
ЈО: Дејствија по увидот на лице место по вчерашната оружена престрелка на Бит Пазар