Израел: Потпишан коалициски договор за нова влада
Осум израелски партии потпишаа денеска коалициски договор, со што се овозможува формирање нова влада во која по 12 години нема да биде Бенјамин Нетанјаху.
Владата треба да положи заклетва в недела во Кнесетот, каде ќе добие поддршка од 61 пратеник.
Новата влада најавува ков курс насочен кон заздравување на поделбите во земјата и враќање на чувството за нормалност.
Новата владејачка коалиција, која има тесно мнозинство во Парламентот, се состои од осум партии, вклучувајќи дури и една арапска партија, првпат во историјата на Израел.
Единствено околу што се согласиле е дека Нетанјаху, кому му се суди за корупција, мора да замине и земјата не смее да си дозволи ново излегување на избори.
Според договорот, во првите две години премиер ќе биде Нафтали Бенет, а потоа на чело на владата ќе дојде Јаир Лапид, од политичкиот центар
Ново на Сител
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ЗНАМ во Куманово
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ
-
МВР со дронови ќе го набљудува избирачкиот ден, ќе има и дежурни обвинители низ Македонија
-
За пожарот во „Пулс“ ќе му се суди и на сопственикот на агенцијата за обезбедување