-->
-->
Израел останува закана за Иран, вели командантот на иранските вооружени сили Хатами
-->

Израел останува закана за Иран, изјави денеска командантот на иранските вооружени сили Амир Хатами.
Во јуни, Израел започна воена операција во која ги нападна иранските нуклеарни објекти. Како одговор, Техеран започна масовни напади врз Израел со ракети и дронови.
-Дури и еден процент веројатност за закана треба да се смета за 100 проценти сигурна закана. Не треба да го потценуваме непријателот и да мислиме дека опасноста поминала, изјави Хатами.
Тој нагласи дека моќта на Иран во однос на ракетите и дроновите е подготвена за акција.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац предупреди минатиот месец дека ако неговата земја биде загрозена, ќе следи уште еден напад врз Иран.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски на ја коментира работата на историската комисија
-

Николоски: Силно сме посветени на туризмот
-

Бислимовски: МЕПСО побара минимално зголемување на цената на струјата
-

Нов парк во Бутел
-

Компаниите не знаат колку ќе плаќаат за декарбонизација
-

Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“
-

Пoвторно случаи со телефонски измами во Охрид
-

Живот под отворено небо
