Израел ја повика светската заедница да ги осуди постапките на Хамас
Израелското Министерство за надворешни работи ја повика светската заедница да ги осуди постапките на радикалното движење Хамас, кое владее со Појасот Газа.
Ракетните напади против израелските градови, кои почнаа вчера и сè уште траат, се дело на борците на движењето кои се кријат зад цивилното население.
– Хамас истрела ракети врз цивилните области во Појасот Газа, намерно насочувајќи ги кон израелски цивили. Израел се брани од двојното воено злосторство на Хамас. Меѓународната заедница мора да го осуди Хамас за неговите постапки, се вели во соопштението објавено од прес-службата на Министерството за надворешни работи.
Прес-службата на израелската армија соопшти дека се активирани сирените за воздушен напад во градовите Ашкелон и Сдерот во јужниот дел на земјата, како и во населените места кои граничат со палестинската автономна област.
Од Газа кон Израел за 24 часа биле истрелани околу 350 ракети, соопшти претходно армиската прес-служба. Како одговор, Израел погоди околу 150 воени цели на радикални организации во секторот, соопшти Министерството.
Ново на Сител
-

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
