Израел и ОАЕ постигнаа историски мировен договор

Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денеска постигнаа историски мировен договор, што ќе доведе до целосно нормализирање на односите меѓу двете земји од Блискиот исток, а договорот е склучен со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп.
Според договорот, Израел вети дека ќе го запре суверенитетот врз областите на Западниот Брег што се предмет на анексија, изјавија официјални лица на Белата куќа. Тоа е прв договор од таков вид од оној меѓу Израел и Јордан, потпишан во 1994 година.
Во преговорите учествуваа зетот на Трамп и постар советник Џаред Кушнер, американскиот амбасадор во Израел Дејвид Фридман и претставникот за Блискиот исток Ави Берковиќ, како и државниот секретар на САД, Мајк Помпео и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Роберт О’Брајан.
„Овој историски дипломатски чекор напред ќе придонесе за мирот на Блискиот исток и е сведоштво за дипломатијата и визијата на тројцата лидери и храброста на Обединетите Арапски Емирати и Израел да започнат нов пат што ќе ја отвори вратата за големиот потенцијал на регионот“, се вели во соопштението на Белата куќа.
Договорот предвидува, исто така, давање на муслиманите поголем пристап до џамијата Ал Акса во Стариот град Ерусалим, како и можност за летови од Абу Даби кон Тел Авив, но исто така, Обединетите Арапски Емирати и Израел ќе ја прошират и забрзаат соработката во лекувањето и развојот на вакцина против новата коронавирус.
Ново на Сител
-

Швајцарскиот премиер за надворешни работи во Скопје
-

Врнежите ги подобрија условите за есенската сеидба во Овче Поле
-

Преглед на вестите од светот
-

Ученик активирал солзавец за време на час
-

Teма на денот со Тимчо Муцунски
-

Рокас: Овој извештај е подобар од претходниот, Мицкоски бара фер европски процес
-

МВР: Првата пријава за насилство од 17-годишната девојка од Богданци била на 30 септември
-

Рокас: Овој извештај е подобар од претходниот, Мицкоски бара фер европски процес
