Израел ги негира обвинувањата за геноцид во Газа и вели дека прави се што може за да ги заштити цивилите
Израел денеска ги отфрли обвинувањата за геноцид, тврдејќи пред највисокиот суд на ОН дека прави се што може за да ги заштити цивилите за време на воената операција во Газа.
Во Меѓународниот суд на правдата денеска заврши третото рочиште за вонредните мерки што ги побара Јужна Африка бидејќи смета дека израелскиот воен упад во градот Рафа на југ го загрозува „самиот опстанок на Палестинците во Газа“ и побара од судот да нареди прекин на огнот.
Тамар Каплан-Тургеман од правниот тим на Израел го бранеше однесувањето на земјата, велејќи дека дозволила испорака на гориво и лекови до опколената енклава.
Таа исто така рече дека Израел презема вонредни мерки за да ја намали штетата на цивилите во Газа.
Јужна Африка пред судот во четвртокот посочи дека ситуацијата во енклавата достигнала „нова и ужасна фаза“ и апелираше до судиите да наредат прекин на израелските воени операции.
Судот го одржа третото рочиште за итни мерки што ги бара Јужна Африка откако поднесе обвинение за геноцид кон крајот на минатата година.
Ново на Сител
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра