Израел: Елиминиравме над 400 милитанти
Повеќе од 400 палестински милитанти се убиени во јужен Израел и во Појасот Газа, а десетици други се заробени, изјави израелската армија, генерал Даниел Хагари.
Тој додаде дека во моментов се водат борби во кибуцот Кфар Аз, а во тек се и претреси во голем број градови.
Израелските сили се во сите градови, нема град каде што не се присутни, посочи генерал Хагари.
Во меѓувреме, палестинската Агенција за цивила заштита соопшти дека при израелски напад врз Појасот Газа загина високиот претставник на Хамас, Ајман Јунис. Неговото безживотно тело е пронајдено под урнатините на неговиот дом во бегалскиот камп Нузејрат.
Претходно, генерал Хагари изјави дека армијата добила наредба за 24 часа да ги евакуира сите жители од израелските зони околу Појасот Газа, каде се водат борби за ослободување на заложниците.
Ново на Сител
-
Предлог-Законот на СДСМ за помош на настраданите во Кочани не доби поддршка
-
Мицкоски следната недела ќе ги пополнува местата на Алијанса
-
Кошта утре на средби со македонските власти - Експертите не очекуваат позитивни сигнали од Брисел
-
Јавно ќе се разрешува претседател на Судски совет: Министерството за правда со нов закон
-
Во понеделник ќе биде познат новиот гувернер на Народната Банка
-
Инвестиции во железничката инфраструктура
-
Преглед на вестите од светот
-
Следната недела ќе бидат познати кадровските решенија по заминување на АА од Владата