ОН: Изработката на лаптоп-бомби е само прашање на време

Инсталирањето на бомби и експлозивни направи во лаптоп компјутерите е само прашање на време, изјави шефот на Комитетот на ОН за борба против тероризмот, Жан-Пол Лаборд.
Како што јави Би-Би-Си, ваквата изјава на Лаборд следи откако САД и ЕУ се договорија да се откажат од идејата за забрана за внесување на лаптоп компјутери и други паметни уреди поголеми од мобилен телефон во авионите на летови од Европа кон американските аеродроми.
Лаборд изјави дека не е сигурен дали припадниците на групата Исламска држава (ИД) можат да извршат напад со лаптоп-бомба, но оти е сигурен дека тоа можат да го сторат ораганизирани криминални групи на кои џихадистите би можеле да им се обратат за помош.
Вашингтон во март воведе забрана за внесување на лаптопи во авионите на летовите од Египет, Јордан, Катар, Кувајт, Мароко, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Турција кон САД, по што се појави предлог за воведување на такво ограничување и на летовите од Европа.
Според Лаборд, следниот бран на враќање на борци на ИД во Европа, ќе биде многу поопасен од претходниот.
- Бидејќи ИД груби територии во Сирија и Ирак, борците кои се доселиле таму од Европа, сега ќе почнат да се враќаат назад, изјави Лаборд.
Според него, безбедносните служби на европските земји веруваат дека во овој бран во Европа ќе се вратат три пати поголем број припадници на ИД, отколку во целата мината година.
- Наспроти ограничувањата на патувањата, терористите ќе се обидат да ги преминат границите и да прошверцуваат се со себе, истакна Лаборд.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Предложените членки на Судскиот совет ги избрав според нивната стручност, компетентност, но и професионален и личен кредибилитет
-

„Оне Македонија телекомуникации“ избран за трет мобилен оператор, тече рокот за уплата на еднократниот надомест од 8.020.003 евра
-

Вонредна состојба поради невремето во 10 српски општини
-

Гаши е за редовни избори, но не и за техничка влада
-

Во Идризово при претрес пронајдени 220 таблети кај затвореник
-

Со автомобил влечел тинејџерки на санка во Србија, при падот тие биле прегазени од друго возило
-

Струмичанец со автомобил удрил полициски службеник и побегнал
-

Обид за грабеж на бензинска пумпа во Кисела Вода
