Изнесувањето на „Мона Лиза“ од Лувр чини 35 милиони евра

Позајмување на познатата уметничка слика „Мона Лиза“ од Леонардо да Винчи, на друг музеј, би чинело меѓу 30 и 35 милиони евра за три месеци, соопшти парискиот музеј Лувр, што е сопственик на сликата.
- Преместување на сликата во друг музеј на изложба, што подразбира симнување, обезбедување и преместување во заштитното стакло, трошоците за специјалниот превоз, амбалажата и финансиската загуба за Лувр додека сликата не е во музејот, чини меѓу 30 и 35 милиони евра, соопшти Управата на музејот.
Лувр во тој случај би имал губиток од околу 13 милиони евра, велат официјалните податоци.
Стручните лица оценуваат дека преместувањето на уметничкото дело, како што тоа го предложи француската министерка за култура Франсоаз Нисен, е премногу опасно за тоа чувствително ремек дело старо 400 години.
Минатиот месец Нисен изјави дека „сериозно размислува - симболот на Лувр од почетокот на 16. век да може да биде позајмуван на други институции за изложби“, како борба против „културната сегрегација".
„Мона Лиза“ од 2005 година е заштитена со дебело непробојно стакло, заради заштита од фото-блицевите. Просторијата во која се наоѓа сликата, пак, има контролирана температура и влажност.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Цените во маркетите пораснале за 0,4%, покажа анализата на ДПИ и Министерството за труд
-

Пратениците со средна оценка за аргументирана дебата во Собранието
-

Верските лидери го осудија обидот за палење на синагогата во Скопје
-

Пошта добива 100 нови возила за подобра достава низ земјата
-

Осум ревии и нови модни имиња на „Shtip fashion days“
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
