Изминатото деноноќие во Скопје санкционирани 47 возачи за брзо возење
Во текот на изминатиот ден (22.08.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 47 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај се исклучени 12 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и девет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и 10 возила од кои едно возило бидејќи било технички неисправно и девет возила бидејќи биле нерегистрирани.
Санкционирани се двајца возачи поради неправилно престројување, тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и седум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Во текот на изминатиот ден издадени се 55 мандатни платни налози за непрописно паркирање.
Ново на Сител
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи