Изминатото деноноќие во Скопје санкционирани 38 возачи за брзо возење
Во текот на изминатиот ден (09.07.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 38 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај исклучени се 10 возачи од кои: еден возач управувал возило под дејство на алкохол, седум возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи почетници затоа што не ги почитувале законските ограничувања. Исто така, исклучени од сообраќај се и 13 возила кои не биле регистрирани. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, четири возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на крстосница, девет возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 29 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 15 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 82 мандатни платни налози и 61 возило се подигнати со специјално возило „пајак’’.
Ново на Сител
-
Македонците најмногу трошат на „Букинг“, а најмногу купуваат на „АлиЕкспрес“
-
Демири го разреши само медицинскиот директор на Токсикологија, но не и Бесија Иљази
-
Отворен Центар за поддршка и советување на момчиња и мажи
-
ДИК прифати 7 приговори - Ќе се прегласува во Крушево, Охрид и Желино
-
Дом за стари лица во Прилеп инсталираше фотоволтаични панели
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се прегласува во Желино - ДИК прифати приговор на коалицијата ВРЕДИ
-
Тема на денот со Игор Александров, македонска заедница во Австралија