Изминатите два дена 1452 сообраќајни прекршоци, 258 за брзо возење

На подрачјата на сите осум Сектори за внатрешни работи во текот на изминатите два дена (06/07.05.2025) полициските службеници во рамки на интензивните сообраќајни контроли издадоа вкупно 1452 платни налози по преземени мерки особено по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП), како и по основ на Законот за возила (ЗВ).
Според статистичките податоци и натаму најголемиот број изречени прекршоци од страна на возачите – 436 се однесуваат на непрописно паркирање, а 258 се однесуваат на непочитување на брзината на движење.
По однос на останатите евидентирани прекршоци, за непоседување на возачка дозвола изречени се 132 санкции, потоа дури 162 мерки за некористење на сигурносен појас, како и 44 прекршоци за возачите на мотоцикл за неносење на заштитна кацига. Потоа следат 85 прекршоци за користење на мобилен телефон при возење, како и 11 прекршоци што ги сториле пешаците.
Во рамки на контролите, исто така во четири случаи евидентирано е минување на возило на црвено светло, 21 возач управувал возило со недозволено ниво на алкохол во крвта, а евидентирани се и 15 прекршоци за нерегистирани возила и за техничка неисправност согласно Законот за возила.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
