Изминатиот викенд лишени од слобода пет возачи, а санкционирани 296 возачи за брзо возење
Во текот на изминатиот викенд (27/28.09.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1.156 издадени платни налози поголемиот дел од нив, односно 296 прекршоци се однесуваат на возачи кои што не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
Според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 156 прекршоци за неправилно паркирање, 136 прекршоци се изречени за возачи што управувале возила без возачки доволи, како и 95 прекршоци за возачи кај кои е регистрирано присуство на алкохол над законски дозволеното ниво.
Од друга страна пак, исто така согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во текот на изминатиот викенд санкционирани биле и 16 возачи на мотоцикли заради неносење заштитен шлем, потоа 40 лица заради користење на мобилен телефон при возење, 11 мерки за возачи што минале на црвено светло, како и 57 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас.
Согласно Законот за возила, 20 возила се отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а едно заради техничка неисправност.
Исто така во текот на изминатиот викенд, а врз основа на членот 297-а од КЗ на РСМ (“безобѕирно управување со возило“) лишени од слобода се пет возачи заради прекумерно присуство на алкохол во крвта (над 1,5 промили).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме со сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за подобри, посигурни и побезбедни патишта низ државата.
МИА
Ново на Сител
-
Трамп: Време е Хамас да го прифати мировниот план за Газа
-
Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ со митинзи во Вевчани, Струга и Ресен, СДСМ во Лозово, Карбинци и Пробиштип
-
Путин: Русија победува во „праведната битка“ во Украина
-
Мерц: Европа не е во војна, но веќе не е ниту во мир со Русија
-
Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот
-
Денеска променливо облачно, од утре постудено со дожд
-
Тирана ќе биде домаќин на првиот инвестициски форум ЕУ-Западен Балкан
-
Четворица мртви откако маж ја застрела својата партнерка и децата во северозападна Германија