Изминатата туристичка сезона успешна за ХОТАМ

Изминатата туристичка сезона беше успешна, а бројот на туристи поголем од лани, оцени претседателот на ХОТАМ Крсте Блажески, кој очекува исполнување на охридско-струшката ривиера и за новогодишните празници.
- Летната туристичка сезона 2015 година ја поминавме со очекуван број гости, го надминавме бројот на ноќевања од лани и покрај неколкуте неприлики. Почнавме да правиме подготовки за новата сезона, а почнаа да сепродаваат и аранжмани за новогодишните празници. Сметаме дека Охрид и Струга ќе бидат добро исполнети за новогодишните празници, вели Блажески.
И оваа година, според првиот човек на ХОТАМ, најбројни биле гостите од Турција, Холандија, Србија, Албанија и Косово. Заклучно со август, земјава ја посетиле околу 350.000 странски туристи со тенденција за зголемување на бројката до крајот на годината.
- Годинава достигнавме број од околу 350.000 гости заклучно до август. Очекуваме над 400.000 до крајот на годината. Како број на гости на прво место се турците, а по број на ноќевања холанѓаните, кои имаат претстој од 7 дена. Турските туристи доаѓаат на кружни тури и помнинуваат два до три дена во Македонија. Гости од Србија имаше околу 30.000, од Грција и Холандија имаше по 25.000 гости, потоа доаѓаат Бугарија, Полска, Албанија, Германија, Хрватска и Косово, информира Блажески.
Зголемен е интересот за Македонија и во кружните тури, а најмногу посетители има од Кина, Јужна Кореја и Јапонија.
- Имаме доста кружни тури, кои се зголемени за разлика од минатите години, а интересот е голем и за наредните години од Кина, Јужна Кореја и Јапонија, кои се се поприсутни на охридско-струшкото крајбрежје, но и низ цела Македонија. Балканот станува интересна дестинција за тој пазар и за наредните години очекуваме голем пораст, рече претседателот на ХОТАМ Крсте Блажески.
Ново на Сител
-

Герасимовски: Центар со финансиска помош за штетите од невремето, објавен јавен повик
-

Годинава ќе заврши подготовката за експресниот пат Кочани – Виница – Делчево
-

Мицкоски: Со ребаланост во буџетот ќе ги исплатиме наследените долгови во земјоделството
-

Уште 300 специјализанти ќе се вработат во болниците надвор од Скопје
-

Иран инсистира да има целосна контрола над Ормуска Теснина
-

Мицкоски: Очекувам намалување на цената на горивата и стабилизирање на инфлацијата
-

Предложен притвор за српски државјанин фатен на Богородица со 5.000 штеки цигари без акцизни маркички
-

Клековски: Три нови случаи на западнонилска треска
