Изменет сообраќаен режим во Скопје поради Водици
Поради манифестациите за верскиот празник Водици, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе воведе посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром и населбата Хром.
Како што информираат од МВР, во периодот од 10:00 часот, па до завршувањето на манифестацијата по повод Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени улиците „Филип Втори Македонски“ до булеварот „Гоце Делчев“ и кеј „13 Ноември“ до булеварот „Кочо Рацин“.
Во Општината Ѓорче Петров од 10:00 часот црковната литија ќе се движи почнувајќи од црквата „Свети Петар и Павле“, десно по булеварот „Партизански одреди“, десно по улицата „Ѓорче Петров“, лево по улицата „Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по улицата „Демир Трајко“ и лево по улицата „Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.
Во Општина Аеродром од 10:00 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон село Лисиче.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Ново на Сител
-
ДИК: Обработени 20,25% од гласовите - Силјановска Давкова 88.209, Пендаровски 42.923
-
ВМРО-ДПМНЕ: Обработени 8% од гласовите - Силјановска Давкова 86.688, Пендаровски 34.450
-
Јанкуловска: За прв пат во историјата Македонија доби жена за Претседател!
-
ВМРО-ДПМНЕ: Обработени 9,61% од гласовите, ВМРО-ДПМНЕ 20.713 - СДСМ 5.857
-
Силјановска Давкова победник кај гласачите од дијаспората
-
ЈО: Изборниот ден генерално помина без поголеми нарушувања и пријави
-
Силјановска Давкова: Очекувам да го зацврстам резултатот
-
Таравари: Има поткуп на гласови од оџи и од функционери на ДУИ