-->
-->
Изменет сообраќаен режим кај гробиштата Бутел на Духовден
-->

Поради претстојниот верски празник Духовен, на 18.06.2016 година (сабота) сообраќајот кај гробиштата Бутел од 07,00 часот па се додека има потреба од соодветно регулирање, ќе биде пренасочен по ул.„Александар Урдарески“, покрај пазарот „Бутел“, лево по локалниот пат за селото Мирковци и лево по ул.„Боца Иванова“до паркингот пред гробиштата, соопшти денеска МВР.
За излез, возилата треба да се движат по ул.„Боца Иванова“ до кружниот тек.
Во останатите денови 17.06.(петок) и 19.06.2016 година (недела) кај гробиштата Бутел, Ѓорче Петров и Камник, од страна на сообраќајната полиција од СВР-Скопје ќе бидат преземени сите соодветни мерки за нормално одвивање на сообраќајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
