Македонија
25. February 2016 - 14:08

Измена на трасата на автобуската линија 27

ЈСП Скопје соопшти дека поради вршење градежни активности од страна на ЈП „Водовод и канализација“, автобуската линија со број 27 на 26.2.2016 година (петок) во периодот од 08:00 до 15:30 часот, како и на 29.2.2016 година (понеделник) па натаму, ќе сообраќа до паркот Бановина (последна и појдовна станица ќе биде зад паркот).

Во деновите за време на викендот (27.2. и 28.2.2016 година) автобусот со број 27 ќе сообраќа по нормалната траса.