-->
-->
Измамничка им зела пари на две лица и им ветила дека ќе им среди за работа во Германија
-->
На 13.01.2023 во 18.00 часот во Полициската станица Аеродром, 20-годишна девојка од Скопје пријавила дека таа и 20-годишник од Куманово биле измамени од едно женско лице за сума од 12.576 денари.
Според пријавеното, тие стапиле во контакт со лицето, кое им понудило да им посредува за добивање работни места во Германија, а за што побарала надомест.
Како што е пријавено, во неколку наврати ги уплатиле парите на сметка во банка и откако ја информирале дека нема веќе да пуштаат пари додека не потпишат договор, лицето го прекинало контактот и не им ги вратило парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Насилство врз жените: Сериозни системски бариери до заштита и правда
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Владата е фокусирана на постепената интеграција паралелно со реформите за рамноправно членство во Унијата
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Шестмина уапсени под сомнение за тероризам
-

ЕУ подготвува акциски планови за членство за најперспективните кандидати
-

Силјановска: Европскиот процес го губи кредибилитетот
-

Дизелот поевтинува за 4 и пол денари откако Владата ја продолжи одлуката за намалено ДДВ
