-->
-->
Измамена 76-годишна жена од Битола за 7 000 евра
-->

Во СВР Битола вчера 76-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена од непознато машко лице, кое и се јавило на телефон и се претставило како лекар. Лицето и кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари за да и го спаси животот.
Како што информира МВР, жената заедно со сопругот однеле 7 000 евра и ги дале на едно лице, кое според договорот, ги чекало кај саатот во Битола. Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена, односно дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат
-

Рибокрадството не мирува
-

Вештачката интелигенција ќе го редифинира пазарот на трудот
-

Почна струмичкиот карневал
-

Преглед на вестите од светот
-

Јаневска за Сител: Законот за високо образование е во интерес на сите, издржаните предлози ќе се прифатат
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
