Изложбата на фотографии и „Догвил“ на МОТ+
Изложбата на фотографии од Љупчо Илиевски и претставата „Догвил“ во режија на Кокан Младеновиќ се дел од вечерашната МОТ+ програма која се одржува во пресрет на претстојниот41. театарски фестивал Млад отворен театар (МОТ).
Илиевски припаѓа на средната генерација македонски фотографи. Негува специфичен уметнички стил и силен авторски печат. Засега е единствениот фотограф од Македонија чии фотографи за мегалитската опсерваторија Кокино се објавени во српското издание на престижното специјализирано списание за фотографија National Geographic. Илиевски е автор на девет самостојни изложби, присутен е на повеќе филмски фестивали, а за својата работа е повеќе пати наградуван.
„Догвил“, на Миксер Хаус од Белград, е театарска адаптација на истоимениот филм на Ларс фон Трир. Настапуваат Бранислав Трифуновиќ и Милица Мајсторовиќ, а музиката во живо ја изведува Vrooom. Претставата ја следи приказната на Грејс која бегајќи од гангстери, наоѓа засолниште во навидум идиличниот град наречен Догвил. Исфрустрираноста, тесноградоста и агресија на жителите на оваа идеализирана заедница бргу ќе излезат на виделина и Грејс ќе стане жртва на оние на кои таа сакаше да им помогне и во чија хуманоста и добрината веруваше.
МОТ+ е во организација на Младинскиот културен центар.
Ново на Сител
-
Средба Муцунски – Герапетритис утре во Њујорк
-
Опожарени два автомобила во Скопје, еден оштетен од огнено оружје
-
Без струја утре дел од општина Кисела Вода
-
Од 6 до 18 часот утре посебен сообраќаен режим во Битола
-
Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид
-
Муцунски на 79-та сесија на Генералното собрание на ОН
-
Пожар во фурна во неготинско Криволак
-
Приведени двајца крадци во Гостивар