Изложбата „Ана Франк – Историја за денес“ гостува во Кочани

Патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес“ вечер од 18 часот ќе биде отворена во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани и ќе може да се посети до 3 мај.
Изложбата, која во Кочани ја организира Младинскиот образовен форум, има 39 паноа на кои е раскажана приказната за Ана Франк, истовремено и за холокаустот и Втората светска војна. Прикажува фотографии од детството на Ана, подемот на нацизмот, погромот на Евреите и реакциите на луѓето.
Во светот оваа изложба ја виделе над пет милиони посетители во повеќе од 40 држави. Таа е една од најпознатите светски едукативни изложби кои се однесуваат на холокаустот и човековите права.
Изложбата во Македонија е изработена и донесена во рамки на проектот „Хисторија, Историја, Повијест – Лекции за сегашноста“ кој е поддржан од Европската унија.
Досега беше поставена во 16 градови и видена од над 16.000 посетители. Водичи на изложбата се млади волонтери - средношколци кои поминале обука да ја раскажат приказната за животот на Ана Франк.
Ново на Сител
-

ЗНАМ не се изненадени од одлуката на Цеков да ги напушти
-

Тема на денот со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Миле Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ, ќе делува како независен пратеник
-

Драстичен скок на цената на нафтата, последиците кај нас допрва ќе следат
-

Македонија падна за три места на индексот за слобода на медиуми – состојбата е „проблематична“
-

Вандализам во ООУ “Ванчо Прќе” во Штип - наставата во прекин поради уништениот инвентар
