Изложба за Византиската империја од српскиот уметник Зоран Чалија
Во рамки на „Скопско лето“, вечер во галеријата на НЛБ Банка ќе биде отворена изложба на слики од српскиот уметник Зоран Чалија - Чарли посветена на Византиската империја. Ја организираат Друштвото на ликовни уметници на Македонија и манифестацијата „Скопско лето“, во соработка со Друштвото на ликовни уметници на Србија.
Изложбата е инспирирана од духовните корени и наследството и е производ на двегодишната работа на авторот кој ги нагласува духовните врски со Византија и православието, суптилно изразувајќи ги преку форми, зрачења кои доаѓаат од дамка, поетски хармонии и златни ореоли, притоа воведувајќи го набљудувачот во тематскиот контекст на приказната, соопштија организаторите.
Ликовната критичарка Оливера Вукотиќ наведува дека Зоран Чалија преку визуелни средства ги претставува во слики повеќевековната историја, богатството на духот и културата кои го украсуваат ова поднебје.
- Ова е неговата ода на духовните отци и минати времиња. Во овие слики нема патетика, тие се лични чувства на авторот кои ја откриваат длабочината на неговата душа, истакнува Вукотиќ.
Зоран Чалија - Чарли учествувал на голем број групни изложби во Србија, Англија, Италија, Македонија, а своите дела ги има претставено на повеќе од 17 самостојни изложби. Автор е на голем број проекти од областа на културата, а свој потпис оставил и на педесетина сценографии на театарски претстави. Во 1989 година го основал театарот „Чарлина“ кој настанал со анимација во процесот на интеграција и социјализација на домот на деца без родители „Јован Јовановиќ-Змај“. Добитник е на голем број награди, во кои се вбројуваат и неколку први награди.
Ново на Сител
-
Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година
-
Скопјанец добил пари на рулет, па го искршил истиот, по што обезбедувањето на казиното физички го нападнало
-
Андовски: Уште двајца од пожарот во Кочани во релативно тешка состојба
-
Загина мотоциклист откако излетал од патот
-
62-ра жртва од пожарот во Кочани, во Белград почина Стојанче Стојанов
-
Женско бебе пони во ЗОО Скопје
-
Четири лица краделе предмети од објект на ЈП Железници со вкупна вредност од околу 1.239.000 денари
-
1507 сообраќајни прекршоци вчера и завчера на територија на цела држава, 259 за брзо возење