Изложба „Петит Морт“ во Музеј на Град Скопје
Изложба на дела за истражување на граничните состојби на духот на осумнаесет македонски уметници „Петит Морт“ ќе биде отворена вечер во Музејот на Град Скопје.
Куратор на изложбата е Емил Алексиев, а делата ќе бидат поставени во изложбениот простор на Музејот до 30 септември.
Проектот „LA PETITE MORT“, според организаторите, значи „мала смрт“ оргазам, но може да реферира на сонот и длабочините на подсвеста, на колективно несвесното, на состојбата на транс, екстаза и халуцунација. Тоа подразбира истражување на трансцендентното, спиритуалното, ониричкото, сексуалното и карналното. Клучни зборови на темата се оргазам, екстаза, сон, дух, тело, транс, додека клучен поим е граница.
Во проектот учествуваат Милан Андов, Жарко Башески, Тања Балаќ, Дијана Богдановска, Атанас Ботев, Билјана Василева, Златко Глигоров, Роберт Дандаров, Инес Ефремова, Јана Јакимовска, Петра Јовановска, Татјана Манева, Шќипе Мехмети, Татјана Миљовска, Јасминка Новковска, Ирена Паскали, Борис Петровски и Микица Трујкановиќ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата