Изложба „Невидени“ на Јован Балов

Во Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје вечер ќе биде отворена самостојната изложба на Јован Балов насловена „Невидени“, на која ќе бидат изложени триесет колажи работени во периодот од 1989 до 1995 година.
Колажите се своевиден дневник, интимен запис за едно време во кое страсно ги впивал импресиите од актуелната уметничка и културна сцена на Берлин, град во кој дошол да живее во 1989 година.
Во нив се имплементирани размислувањата и истражувањата на ликовно-естетски план. Колажите се опираат на некаква ригорозна стилска категоризација.
Станува збор за специфичен конгломарат од стилови, техники и медиуми процедени низ филтерот на една јасно изградена авторска поетика. Искрени, непретенциозни пастиши во кои се вткаени фино оркестрирани елементи, суптилен но сигурен цртеж, безгранична љубов и ентузијазам...
Токму во тој период од 1989-1995 настанаа бројни цртежи, мали хартиени објекти, фотографии, текстови, петски коментари, акварели и слики
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Дваесетина пожари во земјава, пожарот на Китка се уште гори
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
