Македонија
9. September 2016 - 8:21

Изложба на турскиот уметник Мустафа Атал во Охрид

Во организација на Завод и Музеј -Охрид, вечер во 20 часот во Спомен куќата на Христо Узунов ќе биде отворена самостојна изложба на турскиот уметник Мустафа Чеват Атал насловена „Инскрипции, жена во простор“.
 
Мустафа Чеват Атал е роден во Караман, Турција. Дипломирал на Универзитетот Селџук, докторирал на „Гази“ Универзитетот, а од 2013 година работи како лектор на „Намик Кемал“ Универзитетот во Текирдаг, Турција. 
 
Има остварено шест самостојни изложби и голем број групни изложби. „Инскрипции, жена во простор“ е најновиот циклус слики со кој авторот ќе се претстави пред Охридската публика.