Изложба на слики од академскиот сликар Александар Филиповски
Изложба на слики од академскиот сликар Александар Филиповски ќе биде отворена вечер во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во Скопје.
Изложбата содржи 30 нови дела на Филиповски. За неговото творештвото ќе говори писателот Ефтим Клетников.
Александар Филиповски спаѓа во редот на истакнатите современи македонски сликари. Роден е во Никифорово, гостиварско во 1936 година. Учествувал на многу групни изложби, а организира дваесет и осум самостојни изложби во Скопје, Гостивар, Кочани, Куманово, Битола, Тетово, Велес, Штип, Гевгелија, Кавадрци и во Софија. На изложбите презентира цртежи, линорези, акварели, темпери и масло.
„Матица македонска“ изработи специјален каталог во кое е презентирано најновото творештво на Александар Филиповски.
Ново на Сител
-
Белингем го освои трофејот „Ди Стефано“
-
Кливленд ја започна сезоната со 12 победи во низа и стана осми тим со ваков ефект
-
Зверев ја извојува 50. победа во кариерата над противник од топ 10
-
Над четири илјади полицајци и безбедносни лица ќе работат во Париз за време на натпреварот Франција – Израел
-
Излепени плакати во Белград со мапа на „Голема Србија“ во која е и Македонија | ФОТО
-
Трајковски: Пред нас се двата најважни натпревари во Лигата на нации
-
Премиер лигата суспендира судија поради навреди кон Ливерпул и Клоп
-
Десет кандидати за нов тренер на Рома