Изложба на скулптури од Александар Ефтимовски
Во Галеријата за современи уметности FLUX во Скопје од денеска до 30 мај ќе биде отворена изложба на скулптури „Спонтан израз“ на уметникот Александар Ефтимовски.
- „Спонтан израз“ е изложба посветена на случајноста, бидејќи уметноста е случајна, а заедно со неа случајни се и ефектите кои ги оставаат самите алатки. За една скулптура да биде цела или комплетна, клучен е изборот на материјал, димензија, композиција, а секако и ликовните елементи, соопшти галеријата.
Ефтимовски е млад автор кој основите на своето творештво ги стекнал на академиите во Италија. Карактеристично за неговите дела се чистите плоснати површини, острите агли и перфорациите.
- Особено впечатливи се засеците кои авторот ги одзема од самата компактна форма. Во последно време Ефтимовски е посветен на изработка на скулптурални објекти од голем формат на европските и светските симпозиуми на скулптура, наведува организаторот на изложбата.
Ново на Сител
-
Невработеноста во Македонија на најниско ниво досега
-
Тема на денот со Леа Липша, директорка на фондацијата „Телеком за Македонија“
-
За реализација на едносменска настава ќе се прераспределуваат наставници од една во друга општина
-
Реновирани Интензивна и целиот прв кат на Инфективна
-
Коцевски: Во предлогот за разрешување нема основ за утрврдување тешка дисциплинска повреда
-
Одбраната на Палевски бара дополнително вештачење на чаурата од местото на убиството на Жежовски
-
50 денари еден час паркирање на Клинички - Нов газда, нови повисоки цени!
-
Инфлацијата расте, виновни за високите цени се маркетите и увозниците, Пазарна казнува