Изложба на Санјонг Ли во Гевгелија

Во уметничката галерија „АМАМ“ на Музејот - Гевгелија вечер ќе биде отворена самостојната изложба „Низ огледалото“ на Санјонг Ли од Јужна Кореја.
Изложбата ќе трае до 13 декември 2016, а претставени ќе бидат дела во повеќе медиуми ‒ инсталации, објекти, слики и фотографии.
„Низ огледалото“ во август годинава беше поставена и пред скопската публика. Ја организира Маја Кировска, ликовен уметник од Скопје, која соработува со Ли од 2014 година.
Како што вели Кировска, изложбата е дел од поголем проект на размена меѓу македонски и корејски уметници и е четврта по ред од серијата досега реализирани претставувања по што следува претставувањето на корејската група Егзит од Јужна Кореја во Домот на култура „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци, во февруари, и претставувањето на македонски автори со свои изложби во Јужна Кореја во август наредната година.
Ли се претстави првпат пред македонските љубители на уметноста лани, на Саемот за современа уметност Паратисима – Скопје, со едно дело. Родена е во 1975 година во Ченгџу, Јужна Кореја, каде живее и работи. Во 2001 година дипломира на Националниот универзитет во Чунбук, на одделот за ликовна уметност, а во 2009 година завршува постдипломски студии на одделот за ликовна уметност на истиот универзитет. Наградена е како најдобар студент во класата на Факултетот за продукт дизајн. Во 2007 година станува член на Друштвото на ликовни уметници на Кореја и Друштвото на ликовни уметници на Ченгџу. Ли е еден од основачите на групата Егзит, формирана во 2012 година. Предава на Националниот универзитет во Чунбук на Факултетот за фигуративна уметност. Изложува на повеќе самостојни и групни изложби во Кореја, Јапонија, Кина, САД, Македонија,...
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
