-->
-->
Изложба на Мишо и Урош Вељковиќ во МКЦ
-->
Во Младинскиот културен центар вечер ќе биде отворена ретроспективната изложба на таткото и синот Вељковиќ-45 години творештво на Мишо Вељковиќ и 15 години творештво на Урош Вељковиќ. Изложбата ќе биде поставена до 3 април годинава.
Во делата на Мишо, како што пишува Горјан Ѓорѓиев, се е подредено на неговиот внатрешен свет, неговата агресија, бес, очај, неговата душа или во крајни црти на неговата животна приказна.
Според Ѓорѓиев, Урош е бунтовник, музичар, графичар, сликар. Сликите, како што се наведува, се подредени на неговата агресија, бес, разулавен ритам на фигури и линии кои по секоја цена ќе се наметнат на публиката.
Изложбата ќе ја отвори директорот на МКЦ Златко Стевковски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Димовски: Немало организирано следење на Мицкоски
-
Пуштена во употреба делницата Климештани - Охрид, долга 17 километри
-
Предизборни партиски ветувања за подобар живот во општините
-
Пропадна уште една акција за рушење на дивоградби во Кочани
-
Летово во Дојран повеќе транзит туристи отколку домашни
-
Црквите говорат за нашето наследство
-
Преглед на вестите од светот
-
21-ви „Марш на ангелите“ во Кочани