Изложба на карикатури од проектот „Доза сатира за здрава демократија"
Во галеријата „Остен“ денеска напладне ќе се одржи завршен настан од проектот „Доза сатира за здрава демократија" реализиран годинава со поддршка на Програмата за грантови на Комисијата за демократија на Амбасадата на САД во Македонија.
Завршниот настан содржи изложба на карикатури на млади талентирани ученици од средните училишта во Македонија - учесници на креативните работилиници за карикатура организирани во рамки на проектот, заедно со карикатурите на познати интернационални карикатуристи и промоција на публикација и кратко видео кои ги документираат сите фази на реализацијата на проектот.
Во креативните работилиници учествуваа ученици од средните училишта „Наим Фрашери" од Тетово, „Славчо Стојменски” од Штип, „Горѓи Наумов” и „Јане Сандански” од Битола и од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски” од Скопје. Избор од нивни карикатури ќе бидат изложени на денешната изложба.
Ново на Сител
-
УГД Штип домаќин на студентски конгрес по медицина
-
Преглед на вестите од светот
-
Наумовски: Нејасно е како Брисел нема план б за Македонија, како за Украина и покрај отстапките
-
Тема на денот со Зоран Јовановски, економски аналитичар
-
ЕУ нема ,,план Б" за европските интеграции на Македонија - Кошта вели: Што е договорено, е договорено
-
Таравари со оставка од министер, Вреди направи пратеничка група без Алијанса
-
Крешник Бектеши оди во куќен притвор
-
ДЗР: 457 лица загинале за 4 години во сообраќајки, пишани над 86 илјади казни за возење без дозвола