Македонија
28. March 2017 - 9:29

Изложба на историски фотографии за 60 години од Договорот од Рим

Делегацијата на Европската унија и Амбасадата на Италија во Скопје денеска во фоајето на Македонската опера и балет организираат изложба „Уште поблиска Унија“ по повод 60 години од Договорот во Рим.

Изложбата е организирана од Историскиот архив на Европската унија во рамки на Институтот на Европскиот универзитет и се базира на архивски документи и фотографии од Историскиот архив на Европската унија, Дипломатскиот историски архив на италијанското министерство за надворешни работи и меѓународна соработка и архивот на АНСА.

- На 25 март, ЕУ прослави 60 години од Договорот од Рим што го отвори патот за Европската Унија што ја знеме денес: повторно обединет континент за мир, заснован врз вредностите на солидарност, демократија и владеење на правото. Нејзиниот единствен пазар обезбедува слобода на избор и движење, економски развој и просперитет за 500 милиони граѓани, со што претставува најголемиот трговски блок во светот и најголемиот донатор на развојна и хуманитарна помош, соопшти делегацијата на ЕУ во Скопје. 

Изложбата по повод јубилејот ќе ја отворат евроамбасадорот Самуел Жбогар и италијанскиот амбасадор Карло Ромео.