Изложба на фотографии „Кокино – мистичен шепот низ вечноста“ на Љупчо Илиевски
Изложба „Кокино – мистичен шепот низ вечноста“ на македонскиот фотограф Љупчо Илиевски ќе биде отворена денеска во Уметничката галерија при Градскиот музеј - Крива Паланка.
Изложбата ќе ја отворат директорот на Градскиот музеј, Драган Величковски и градоначалникот на општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
Љупчо Илиевски спаѓа во редот на најистакнатите македонски фотографи. Припадник е на средната генерација фотографи, кој негува специфичен, уметничкистил и силен авторски печат. Засега, е единствениот фотограф од Македонија чии фотографии за мегалитската опсерваторија Кокино се објавени во српското издание на престижното специјализирано списание за фотографија „National Geographic“.
Во последниве седум години негов нов предизвик е историјата стара 4.000 години. Приказната за Кокино, раскажана преку записот на Илиевски, неодамна резултираше со изложба, која предизвика подеднаков восхит и кај публиката и кај критиката.
Илиевски е автор на 9 самостојни изложби, а како член на „Фото-клуб 25“ учествувал и на повеќе групни изложби. Присутен е на повеќе филмски фестивали, а за својата работа повеќе пати е наградуван. Неговиот потпис стои и под поштенските марки со тема – Теракотни икони и Кокино.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии
-
Пожарите стивнуваат, штетата дополнително ќе се утврдува