Изложба на дигитална уметност од американскиот автор Кервин Кендел Вилијамсон
Во Концепт 37 вечер во 20.30 часот ќе биде отворена изложба на дигитална уметност „Сѐ што доживуваме“ (All That We Perceive) на Кервин Кендел Вилијамсон - визуелен уметник од Њујорк кој по седми пат се претставува пред македонската публика.
На изложбата тој ќе промовира дигитални композиции кои се темелат или се инспирирани од уличната уметност во Њујорк.
Во периодот од октомври 2014 до денес, Вилијамсон има изложувано самостојно и групно, во Отворено графичко студио (Музеј на град Скопје), две изложби во Младинскиот културен центар, во Галерија 8 и Концепт 37.
Почеток на неговото креативно патешествие, како што вели, била 1987 година кога инспириран од Њујорк развил необична љубов кон архитектурата, а од 2009 година се заинтересирал за фотографијата.
- Фотографирањето е како истражување, визуелно, ментално и емоционално. Кога станува збор за фотографирање на град, тоа е повеќе од само улици, споменици и иконични локации. Се е во малите нешта, во миговите видени само од неколкумина. Како што нашите градови продолжуваат да се менуваат, така се отвораат нови аспекти за откривање. И не само промените, туку и деловите на градот, карактеристиките, односите на луѓето и она што ги опкружува. Кога истражувате, патувањето и темата се она кое ве води кон поголемо разбирање и поширока перцепција, истакнува Вилијамсон.
Ново на Сител
-
Гутереш: Американските напади врз три ирански нуклеарни објекти се опасна ескалација
-
Лице барано за извршување затворска казна правело хаос во хотел во Лазарополе
-
Приведен возач од Македонска Каменица, возел со 1,87 промили алкохол во крвта
-
Крушевчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола
-
Иран вели дека го задржува правото на каков било одговор на „скандалозните“ американски напади
-
АХВ: Не издаваме никакви HACCP дозволи, туку само ја контролираме работата на операторите со храна
-
Трамп му се закани на Иран со нови напади ако не склучи мир
-
Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди брегот на јапонскиот остров Хокаидо