Изложба на дела од Родољуб Анастасов од циклусот „Енформелска лабораторија“
Музеј на Град Скопје вечер во „Галерија Јустина и Родољуб Анастасов“ ќе ја отвори поставката „Енформелска лабораторија 3“. Ќе бидат изложени дела од циклусот „Енформелска лабораторија“ кои Анастасов ги создавал на крајот на педесеттите и првата половина на шеесеттите години од минатиот век.
- Овие цртежи се дел од колективниот напор нашето општество да ги прифати и да ги присвои вредностите на модерноста. Анастасов, тогаш млад уметник, е веќе длабоко во неа целосно посветен на насетувањето на новите јазички простори кои се пред него. Тој почнува да експериментира и таквото слободно експериментирање со формата и со слободата со која таа форма се освојува поседува некаква невиност во реализацијата, применета, толкувана, разбрана како чин на сопствено осознавање, информира Музеј на Град Скопје.
„Галеријата Јустина и Родољуб Анастасов“ е отворена во мај 2012 година во рамки на Музејот. Нејзиното формирање беше овозможено со донацијата од 346 дела кои Родољуб Анастасов му ги подари на Музејот. Делата од циклусот „Енформелска лабораторија“ досега не биле излагани во оваа галерија. Се работи за 30 цртежи и 4 масла – дел од колекцијата на Галеријата, која поседува цртежи, графики и акварели од сите фази на уметникот.
Дел од нив се изложувани и инцидентно се репродуцирани, но голем дел се реално непознати и непубликувани. Музејот на Град Скопје планира сукцесивно да ги изложува делата од оваа збирка во просторот на Галеријата, но и на други изложби организирани во Македонија или во странство.
Ново на Сител
-
Германски генерал: Украина оштети 10 отсто од руските стратешки бомбардери
-
„Куќи на ужасот“ – евакуирани 75 стари лица од нелегални домови во Бугарија
-
Македонија загуби од Финска на отворањето на Златната лига 2025
-
Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца
-
Тешка несреќа на патот Скопје-Тетово загина 19-годишна девојка и 3 лица се повредени
-
На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија
-
Приведени три лица во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната