Изложба на декорации на традиционалните носии
Во Уметничката галерија во Куманово синоќа беше отворена изложбата „Мотивите - белег на традицијата“ од Надица Петковиќ, кустос во НУ Музеј Куманово.
Целта на изложбата е да го презентира мотивот како декорација кај носијата и ткаениците и уметничкото творештво на македонската жена од кумановскиот регион од минатото. Посетителите имаа можност да разгледаат 100-ина експонати од музејското депо, дел амбиентално претставени, а дел пресликани во постери.
- Кумановската јавност има можност да се запознае со мотивите и орнаментите што жената од почетокот на 20-тиот век успеала да ги прикаже сите нејзини чувства во парчето облека или ткаеница, изјави, авторката Петковиќ.
Мотивите кои жените ги употребувале за декоративниот изглед на носијата ги позајмувале од флоралниот и зооморфниот свет и од геометриските фигури.
- Авторката го прикажува фолклорот со кој изобилува нашето депо. Преовладува ромбот кој имал магиска моќ и ја презентирал плодноста кај жената. Користеле конци, боени во растителна боја и ги оплеменувале со срма и метални пари, изјави Анита Цветановска, директор на НУ Музеј Куманово. Таа додаде дека овие мотиви и ден-денес се инспирација за современите модни дизајнери и ги носи современата модерна жена.
Ново на Сител
-
Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер
-
Зеленски: Имав значаен разговор со Трамп, заеднички работиме на крај на војната
-
Храната како психолошка зависност | Теодора Делиќ | Личен Развој | Sitel Podcast 082
-
Србија: Уапсени 15 лица, меѓу кои и градоначалникот на Обреновац поради злоупотреби во јавни набавки
-
Трамп разговараше со Зеленски веднаш по разговорот со Путин
-
Врнежи од снег на планинските превои, да се вози внимателно
-
Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година
-
Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот