Изложба на четворица српски уметници во МАНУ
Во Изложбениот салон на Македонската академија на науките и уметностите вечер од 19 часот ќе биде отворена изложба насловена „Европски контексти“ со дела на четворица српски уметници - Петар Добровиќ, Сава Шумановиќ, Милан Коњовиќ и Богдан Шупут.
Сите четворица се школувале во Париз - центарот на современите уметнички тенденции, а потоа се вратиле во татковината, така што нивното творештво упатува на европски контексти на српската модерна уметност.
Изложбата е замислена како можен поглед на некои од идеите кои биле негувани во сликарството во првата половина на 20 век - идеи поттикнати во Европа, но докрај спроведени и обликувани со локален, домашен, српски пристап.
МАНУ ја организира изложбата во соработка со Галеријата на Матица српска, Српската академија на науките и уметностите и Амбасадата на Република Србија во Република Македонија.
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?