Изложба „Цвеќе“ отворена во Струмица

Во Домот на АРМ во Струмица денеска беше отворена изложба на тема „Цвеќе“ во организација на Домот за деца и млади „Благоја Јанков Мучето“. Станува збор за изложба која првпат се организира како најава за истоимената манифестација која ќе почне овој месец.
- Секој мај нашата институција организира триделна манифестација „Цвеќе“ со ликовен конкурс, цртање на асфалт или хамер и аранжирање цвеќе. Годинава сакавме пред почетокот на новата, да ги изложиме делата од ланската година за на децата да им ја вреднуваме љубовта, вниманието и трудот кој го вложиле за овие дела, изјави Светлана Мазгалоска-Вучетиќ, раководител на Домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“.
Меѓу 31 цртеж на изложбата се вклучени и дела на учениците кои ги изработија на ликовниот конкурс за денот на пролетта.
„Цвеќе“ е републичка манифестација на која организаторите и годинава очекуваат голем интерес од основните училишта од цела Македонија.
Велат дека се отворени за соработка со други институции кои би сакале да ги изложат и презентираат делата направени на овие манифестации.
Ново на Сител
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
-

Недостиг од кадар во угостителкиот сектор
