Македонија
2. November 2025 - 17:59

Излезноста во Куманово до 17 часот е 27,72%

Излезноста во Куманово до 17 часот, според податоците на општинската изборна комисија е 27,72 проценти.

- Гласањето се одвива тековно, без никакви проблеми, изјави претседателката на ОИК Куманово, Кристина Цветковска.

Во Куманово, право на глас имаат 94.041 избирачи кои гласаат на 164 места.