-->
-->
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-->
До 9 часот во Општина Тетово гласале 2301 лице или 3,2 отсто од вкупниот број на 86.405 гласачи за денешниот прв круг од гласањето за избор на претседател на државата. Во Општина Тетово се гласа на вкупно 117 избирачки места.
-Според податоци од 117 избирачки места гласале 2301 гласач или кажано во проценти 3,2 отсто. Процесот се одвива како што треба, нема пријавено проблеми. Се јавуваат технички проблеми со уредите, но интервенираме веднаш со луѓето од ИТ, информираше Назми Даути од ОИК Тетово.
Излезноста на гласачите до 9 часот во Општина Теарце е 2,35 отсто, во Општина Боговиње 1,54 проценти, во Општина Брвеница 3,10 проценти, во Општина Желино 1,65 отсто и во Општина Јегуновце 3,35 проценти од вкупниот број гласачи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Околу 40.000 испитаници одговориле дека не сакаат пролетен распуст следната година
-
Агенцијата за енергетика оди во историјата
-
Договор за соработка меѓу Уставен суд и Правниот факултет
-
Ќе има ли пауза за приватни специјализации во здравството?
-
По 15 години чекање, позитивната листа конечно ќе добие нови лекови
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Сакаме да бидеме добри соседи но не со свиткана кичма
-
Таравари најави ревидирање на позитивната листа