Македонија
11. July 2024 - 16:38

Околу 40.000 испитаници одговориле дека не сакаат пролетен распуст следната година

Ќе има ли пролетен распуст за основците и средношколците следната година? Анонимните анкети на министерството покажуваат дека околу 40.000 од досегашните испитаници одговориле дека не сакаат пролетен распуст догодина.

Родителите, учениците и наставниците до понеделник имаат можност да го кажат својот став дали сакаат годината да заврши на 10-ти, или на 13-јуни. Нивните одговори ќе влијаат на конечната одлука, пред да биде усвоен конечниот календар за новата учебна година.

На анкетата може да гласа секој. Лесно се пристапува до неа, и не е ограничено колку пати може да се даде одговор на ова прашање.  Па така, постои можност да биде злоупотребена, доколку едно лице реши повеќепати да одговори дали сака или не сака пролетен распуст. Министерката за Сител вели дека МОН располага со механизми кои ќе ги контролираат можните злоупотреби.