Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
Четири часа по отворањето на избирачките места во кочанскиот регион излезноста за претседателските избори е околу 13 отсто.
Според податоците од Општинската изборна комисија, во Кочани до 11 часот гласале 4.721 граѓани, односно 14,77 отсто. Запишани се 32.481 гласачи кои своето право на глас го остваруваат на 63 избирачки места, при што на четири избирачки места има под 10 гласачи и тие ќе гласаат на најблиските места.
Во општина Виница од запишаните 16.067, до 11 часот гласале 14,04 отсто, во Чешиново-Облешево има 5.131 гласач, а излезноста е 12,95 отсто, додека во Зрновци на гласачкиот список се запишани 2.510 граѓани, а до истиот период гласале 11,6 отсто.
Од општинските изборни комисии во четирите општини потврдија дека избирачките места биле отворени навреме. На две места во Чешиново-Облешево гласањето доцнело поради проблеми со уредите за проверка на отпечатокот од прст, но за набргу проблемот бил надминат и изборниот процес се одвива без проблеми.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци