-->
-->
Излета автомобил кај Тетово, тројца тешко повредени
-->
Вчера во 03.50 часот на регионалниот пат Волковија-Тетово се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Форд Ескорт“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ж.Б. (21) од Тетово, излетало надвор од коловозот.
Во незгодата со тешки телесни повреди, опасни по живот, се здобил сопатникот во Ј.И.(21), а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Ѓ.Ј. (21), сите од Тетово.
Тројцата се пренесени во Клинички центар-Тетово, каде им е укажана лекарска помош, а Ј.И. како итен случај е префрлен во Ургентен центар-Скопје, каде е задржан на лекување.
Увид извршила екипа од ПС за БПС-Тетово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Сиљановска Давкова: Должност на секоја генерација е да ја продолжи борбата и духот на македонската Република
-
Гаши: Ова е значаен празник за сите граѓани
-
2 Август Илинден - 121 година Илинденско востание и 80 години АСНОМ
-
Културно забавно пулсирање во Охрид за Илинден
-
Преглед на вестите од светот
-
Припадникот на ОВК баран со потерница оди во куќен притвор
-
Голем пожар помеѓу Свети Николе и Пробиштип