Излегол од дома и не се вратил, го нема веќе трет ден – Исчезнал внукот на Љубе Бошковски
Полицијата и најблиските веќе четири дена го бараат Самоил Костадиновски, внук на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.
Последен пат бил виден пред чешката амбасада во Скопје, по што му се губи секоја трага. Сопругата на Бошскоски, Виолета за ММС ја потврди веста и раскажа дека се работи за нејзин внук од брат.
„Веќе четири дена го нема, никој ништо не знае, а полицијата трага. Самоил е дете од брат ми и има 26 години. Излегол од дома, наводно го викнале накај Кисела Вода или Драчево. Некој човек, кај што го оставиле автомобилот кажал дека излегол од својот автомобил и влегол во друг, каде имале троица луѓе. Потоа кажале дека тоа се случоло кај чешката амбасада, наводно префрлен во украден автомобил. Засега никој ништо не знае, а телефонот му е исклучен“, вели Бошкоска за ММС.
Извор близок до истрагата открива дека неговото исчезнување го пријавил брат му.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица