-->
-->
Изградени пешачка патека и тротоар во Хиподром
-->
Општина Гази Баба изгради пешачка патека со павер елементи помеѓу зградите до влезот на зграда бр.111 од десната страна на улица „Никола Киров Мајски" која води кон улицата „Благоја Стефковски" и тротоар со павер елементи во населбата Хиподром.
Како што информира Општина Гази Баба, пешачката патеката е со должина од 60м и со ширина од 1,20м а тротоарот е со должина од 140м и со ширина од околу 1,20м.
Од Буџетот на општина Гази Баба за пешачката патека се издвоени околу 123,000 денари, а за тротоарот 171,000 денари.
Фирмата која ги изведуваше работите е ЈУ-Бај2 од Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Активен пожарот во Никуштак, екипите на терен, во кумановско вчера повеќе пожари
-
Коперникус: Август 2025 е третиот најтопол месец досега
-
ЦУК: Активни пожари во Липково и во Студеничани, 29 изгаснати
-
Во ЕП дискусија за употребата на сила против српските демонстранти и за демократијата во Србија
-
Администрацијата на Трамп започна со апсења на имигранти во Чикаго
-
СОЗР ќе информира за новите таблички за службени возила, чиј рок за замена е до 15 септември
-
Две комисии ќе заседаваат во Собранието
-
Сончево и ветер од јужен правец