Изградба на атмосферска канализација на главната улица во Гевгелија
На главната сообраќајница во Гевгелија, улицата ,„7 Ноември“ почна изградбата на атмосферска канализација на делот од мостот над одводниот канал „Рауљ“ до крстосницата со улицата која води до општинскиот затвор.
- Канализацијата се гради на источната страна од улицата, во должина од 620 метри, а ќе чини повеќе од 7 милиони денари, велат од општината и посочуваат дека ова е најкритичниот дел од оваа улица кој секогаш се поплавувал при пообилни врнежи од дожд.
Претходно беше поставена атмосферска канализација на оваа улица почнувајќи од зградата на ЈП за водостопанство „Јужен Вардар“ до кружниот тек кај поранешна „Алатница“ така што ова претставува продолжување на атмосферската канализација по целата должина на главната сообраќајница во Гевгелија.
Ново на Сител
-
Германија го олесни влезот на работници од земји вон ЕУ, двојно зголемен бројот од Западен Балкан
-
Горела ниска вегетација кај скопско Ново село
-
114 сообраќајни санкции во Скопје
-
Околу 15 илјади кандидати полагаат мајчин јазик – Првиот испит од државната матура
-
Без струја дел од улицата од Центар
-
Финале на ЛШ: Рекорден триумф на Реал или последен победнички танц на Ројс со Борусија?
-
Хамас соопшти дека го одобрува планот на Бајден за мир во Газа, Израел испрати преговарачи
-
Трамп: Судењето беше многу нефер