Изгоре викендица во пожарот кај селото Дражево
Изгоре викендица во пожарот кој избувна вчера во близина на селото Дражево, општина Ново Село, а пожарот зафати површина од околу 20 хектари, информираат од ТППЕ Струмица.
– Пожарот е локализиран кон јужниот дел од планината Беласица и источно и западно кон селата Дражево и Старо Коњарево. Наши екипи се на терен и проверуваат да нема ново запалување и доколку има потреба ќе интервенираме, рече командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.
Едно лице вчера беше спасено од пожарот. Пожарникарите го пронајдоа во несвесна состојба како последица од загушување со дим, а лицето најверојатно се движело на местото на избувнувањето на пожарот.
Пожарот од планината Готен кај Радовиш, кој завчера се прошири кон акумулацијата „Турија“ во општина Василево и поранешното село Кушкулија, Струмичко, е ставен под контрола и се очекува во текот на денешниот и утрешниот ден да биде целосно изгаснат.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228