Изгоре куќата во Калифорнија на познатиот кошаркар: Изгледаше како да е крај на светот, на телевизија видов дека е целосно изгорена
Претседателот на кошаркарската федерација на Русија, Андреј Кириленко се соочи со трагедија, откако во големиот шумски пожар во Калифорнија му изгоре семејната куќа. Поранешниот НБА ас за американските медиуми изјави дека едноставно го видел „пеколот на земјата“ и дека е среќен што никој не е повреден.
– Беше навистина лудо. Среќа што бев дома и се разбудив околу 5.30 часот и видов дека цела планина во близина на мојата куќа е во пламен. Едноставно го видов „пеколот на земјата“, изгледаше како да е крај на светот, изјави Кириленко.
Во продолжение тој вели дека не верувал дека пожарот ќе ја зафати и неговата куќа, но како одминувало времето и станувало се подраматично, морале да се евакуираат.
– На почетокот мислев дека оганот нема да ја зафати нашата куќа. Но, по евакуацијата на телевизија видов како нашата куќа целосно изгоре. Од куќата ги зедовме само нашите најважни работи, неколку часа поминавме во хотел, по што отидовме кај еден наш пријател, заврши Кириленко.
Кириленко во НБА лигата мина 16 сезони, а кариерата ја заврши во 2015 година во дресот на ЦСКА Моксва.
Ново на Сител
-
Утре без струја дел од Аеродром и Карпош, без вода дел од општините Центар и Кисела Вода
-
Трамп се закани со дополнителни царини за Кина ако таа не ги повлече најавените возвратни мерки против САД
-
Прва психолошка помош со Васка Митова, специјалист психијатар од клиниката за психијатрија
-
Ѓорчевски: Во моментот кога го одземаа животот на Вања, го одземаа и мојот
-
Кривична за скопјанец кој го тепал својот син и сакал да го исфрли од нивниот дом
-
Две лица од кривопаланечко го убиле својот сосед, го запалиле телото и ги закопале остатоците
-
Од 3,5 на 2 години намалена казната затвор за Пајазити за прегазувањето на 22-годишната Теодора
-
Таткото на Вања: Полицајци ме правеа ретардиран, ме убедуваа се регрутирала во ИСИС заминала за Шведска