Изгаснати два пожари во Велес
Попладнево во 14:15 часот во ТППЕ Велес било пријавено за пожар во стан на улицата „Благој Ѓорев“ бр. 91. Како што информираат ТППЕ Велес на нивната фејсбук, во запаелниот стан интервенирале со 2 пртивпожарни возила и 6 пожарникари.
Тие појсочуваат дека во станот горела кујната и електрични апарати. Соопштуваат дека по брзата интервенција спречена била поголема катастрофа.
Воедно, апелираат до граѓаните доколку се забележи пожар да се јават на бесплатниот телефонски број 193.
Во Велес денеска имало и друг пожар, односно се запалил оџак на куќа. Имено, претпладнево во 09:55 часот била примена дојава за запален оџак на ул. „Васил Ѓоргов“ во месноста Којник, во високиот дел од градот. ТППЕ Велес интервенирала со 1 противпожарно возило и 3 пожарникари. По пристигнувањето на пожарникарите на лице место, оџакот бил пригушен и биле дадени инструкции за понатамошно следење.
Ново на Сител
-
Синдикалната кошница во август 65.500 денари, најмногу поскапела храната
-
Влада: ДУИ кога е на власт работи на еден начин, а во опозиција бара нешто друго за она што го направиле во минатото
-
Само 1.916 пријавени службени возила од 6.500 - институциите не ги пријавиле сите во рокот
-
Русија ги намали очекувањата за скорешна средба Путин - Зеленски
-
Прв уписен рок на УГД – Штип за академската 2025/2026
-
Вечерва се спушта завесата на Охридско елто
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Јасен