-->
-->
Изгаснат пожарот во близина на велешкото езеро „Младост“
-->
Пожарот што утрово околу 10:15 часот избувна во месноста викана „Уши“ кај селото Отовица на неколку километри до велешкото езеро „Младост“, со брза интервенција на Противпожарната единица од Велес е навреме локализиран и изгаснат за само 35 минути, односно некаде во 10:50 часот.
Како што информира за МИА, Љупчо Лепидовски командир на ППЕ, од пожарот биле зафатени околу 500 метри квадратни трева, грмушки и макии, а нивната брза интервенци со едно противпожарно возило и неколку пожарникари спречила пожарот да се прошири на блиската борова шума во околината близу езерото „Младост“.
- Нашата брза интервенција и реагирањето се должи и од навременото јавување на граѓаните до нас за избувнување на пожарот. Затоа апелирам до сите граѓани посебно до оние кои деновиве престојуваат во природа кога ќе забележат пожат веднаш да пријават на нашиот бесплатен телефонски број 193 за да можеме и навреме да реагираме, повика Лепидовски.
Од ППЕ Велес се сомневаат дека пожарот е предизвикан од човечки фактор, односно од неизгаснато догорче од цигара од некој од возачите кои поминуваат на овој дел од патот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале
-
14-годишно момче избодено до смрт во Лондон
-
Пожар во куќа во Гази Баба
-
ЕУ го осуди лансирањето ракета од Северна Кореја: Тоа ги крши резолуциите на Советот за безбедност на ОН и ги зголемува тензиите
-
Минатата година во Грција биле уапсени 13.000 лица за семејно насилство
-
Во Гази Баба пронајдена 43-годишна скопјанка почината
-
Началникот на царината на Украина под истрага бидејќи не пријавил куќа во вредност од над 100.000 долари
-
Во тетовско приведени девет странски државјанки при контрола на угостителски објект