Изгаснат пожарот на депонијата во Крива Паланка

Изгаснат е пожарот што избувна во саботата на градската депонија во Крива Паланка, информира командирот на територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, Иле Коцевски.
Според Коцевски, пожарот бил локализиран вчера, во текот на претпладневните часови, додека на негово целосно гасење се работело до доцна синоќа.
- Нашите екипи речиси 30 часа активно работеа на целосно гасење на пожарот, со оглед на тоа што станува збор за комунален отпад и се создаваа повеќе жаришта и запаливи гасови, така што, доцна синоќа, околу 22 часот и 30 минути, пожарот е целосно ликвидиран, со тоа што денес во текот на денот се очекува да бидат донесени 50- тина камиони земја од страна на економски оператори од реонот на Крива Паланка, за да се изврши натрупување на потребните делови на самата депонија, изјави Коцевски.
Во гасењето на пожарот покрај општинската ТППЕ, се вкчучиле екипи од вработени во јавното претпријатие „Комуналец“, поддршка добиле и од ТППЕ Ранковце, дирекцијата за заштита и спасување, од Општина Крива Паланка, како и од повеќе приватни економски оператори што помогнале со земјен материјал за затрупување.
Екипи на ЈП Комуналец Крива Паланка постојано се на терен и дежураат на локацијата на депонијата.
МИА
Ново на Сител
-

Водата од водоводниот систем во Гостивар е безбедна за пиење
-

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети, завршува дистрибуцијата на учебниците во училиштата
-

Кривични за родители од Желино за запуштање на нивното дете
-

18-годишна девојка лажно пријавила дека со нож повредила непознато лице
-

37-годишен скопјанец приведен за измама од над 7.000 евра
-

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти Ангелов
-

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата
-

СЗО: Повеќе од четири напади дневно врз здравствени установи во конфликтни зони во 2026 година
